Свет 4590435043064354

11 декември, 2012

Уан Дајрекшн ќе преработи песна од Блонди

Момците од британскиот бенд Уан Дајрекшн ќе снимат преработка на хитот „One Way Or Another“, кој во 1978 година го изведе групата Блонди. Песната ќе биде официјален сингл за добротворната кампања „Kомик рилиф“.

„Ова претставува неверојатна чест за нас. Едвај чекаме да ја изведеме нашата верзија на оваа легендарна поп-песна и се надеваме дека ќе собереме што повеќе средства за кампањата“ – изјавија членовите на бендот.

Уан Дајрекшн годинава се актуелни со својот втор албум насловен „Take Me Home“, кој во првата недела од издавањето се продаде во преку 540.000 примероци и веднаш се најде на врвот од топ-листите во преку 30 светски земји, меѓу кои и Британија и САД.

Во продолжение да се потсетиме на оригиналната верзија од Блонди.

 



Врати се горе ↑