Свет 1d

13 март, 2015

„Уан дајрекшн“ го соборија рекордот на Тејлор Свифт

Хари Стајлс и дружината во моментов се зафатени со азиските концерти во рамките на светската турнеја „On The Road Again“, која на 11 март за прв пат ги доведе во Сингапур. Нивните фанови уште еднаш ја покажале огромната љубов за своите идоли, така што буквално ги преплавиле социјалните мрежи, а концертот на „Уан дајрекшн“ бил најтвитуваниот настан во Јужна Кореја, со што бендот го собори рекордот кој претходно го држеше Тејлор Свифт.

Имено, концертот на британската група во живо го проследиле околу 30.000 фанови, кои објавиле дури 100.000 твитови. Најголемиот хаос на Твитер бил околу 23.30 часот, кога се објавувале и по 400 твитови во минута. Хаштагот #OTRASG бил најпопуларниот хаштаг таа вечер.

Рекордот, кој претходно го држеше Тејлор Свифт, беше поставен во текот на нејзината минатогодишна турнеја „RED“, кога во јуни настапи и во Кореја. Во таа пригода, нејзините фанови објавиле импресивни 73.000 твитови.

 Извор: MTV



Врати се горе ↑