26 јануари, 2016

„Уан дајрекшн“ го објавија последниот видео запис пред паузата

Откако останаа со еден член помалку, момците од групата „Уан дајрекшн“ го објавија својот петти по ред, студиски албум „Made In The A.M.“ и решија да направат една долгоочекувана и мошне потребна пауза од музичката сцена. Ѕвездите, кои се прославија со учеството во британскиот „Х фактор“, денеска го објавија видео записот за својот последен сингл од актуелниот албум, темата „History“, сумирајќи го нивниот пат од самите почетоци до стекнувањето со светска слава.

Веќе долго време се шпекулира дека ова е крај за групата, како и тоа дека момците ќе започнат со соло кариери, но што ќе се случува со најпопуларниот бенд во светот во моментов, останува да видиме. Дотогаш уживајте со нивниот налик „проштален“ видео запис за нивната „Историја“!



Врати се горе ↑