23 ноември, 2013

U2 се враќаат со „Ordinary Love“

По пауза од три години, култниот ирски рок бенд U2 ја објави својата прва авторска песна. Станува збор за синглот „Ordinary Love“ кој е дел од саундтракот за биографскиот филм чија централна фигура е Нелсон Мандела, јужноафриканскиот анти-апартхејд револуционер и познат борец за мир и човекови права. Во ова филмско остварување со наслов „Mandela: Long Walk to Freedom“, главната улога ја игра Идрис Елба, познат по улогата на Стрингер Бел од серијата „The Wire“.

Темата можеше да се слушне во трејлерот за горенаведениот филм, а вчера беше претставен и официјалниот текстуален видео запис кој можете да го видите горе.



Врати се горе ↑