12 февруари, 2014

U2 го претставија видео записот за „Invisible“

Популарниот ирски бенд U2 неодамна го претстави својот нов сингл насловен „Invisible“, чијшто видео запис беше премиерно прикажан за време на спортскиот натпревар Супер Боул, а песната беше достапна во период од 36 часа како дел од партнерството со (RED) и Банката на Америка, па со секое симнување на песната беше дониран по 1 долар за Глобалниот фонд за борба против сидата, турберкулозата и маларијата, при што беа собрани 3 милиони долари. А сега, за темата која е продуцирана од Дејнџр Маус и со чии симнувања од iTunes сè уште се донира во горенаведениот фонд, бендот го објави и комплетниот видео запис.

Во режија на Марк Романек, црно-белиот видео запис се снимаше три дена на аеродромот во Санта Моника, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑