Свет bruno-tour-620x350

21 февруари, 2013

Турнејата на Бруно Марс започнува на 22-ри јуни

Неодамна Бруно Марс ја најави претстојната светска турнеја насловена „Moonshine Jungle World Tour“, на која ќе го промовира актуелниот албум „Unorthodox Jukebox“. Тој деновиве гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис, каде што ги објави деталите за оваа турнеја која ќе ја започне на 22-ри јуни во Вашингтон.

Во европскиот дел од турнејата кој ќе почне на есен (од 2-ри октомви во Белфаст, а ќе трае до 15-ти ноемви во Мадрид), Марс ќе одржи концерти во следните земји: Холандија, Германија, Англија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Италија, Данска, Норвешка, Шведска, Чешка, Франција, Шпанија и Унгарија. За жал ниту еден концерт не е закажан за некоја од балканските земји. Продажбата на картите започнува од 1-ви март.

 

.



Врати се горе ↑