Македонија 1521693_388470074620570_1688793162_n

9 мај, 2014

Турнеја во Австралија и работно лето за „Саунд месинџерс“

По успешниот настап во Швајцарија во клубот Сен Тропе во Герлафинген, Симона Попоска понежната половина од дуото „Саунд месинџерс“ продолжува  на турнеја во Австралија заедно со дел од пејачите на македонската естрада. Македонците од континентот на кенгурите ќе имаат можност повторно да ја слушнат и видат сè попопуларната пејачка бидејќи ова не ѝ е прво гостување во Австралија. Започнувајќи од денеска, овој пат ќе има 3 концертни настапи:

10 мај – „Nox Club Liverpool“, Сиднеј
16 мај – „Grand Neret Reception“, Мелбурн
17 мај – „Charles Hotel“, Перт


После враќањето од Австалија пејачката ја очекуваат подготовки за фестивалот Макфест, каде што ќе ја има честа да дебитира и за прв пат да настапи со оркестар изведувајќи ја баладата „Како да заборавам“ со музика од Кирил Зарлинов (Eрик Фокс), текст на Магдалена Цветкоска, аражман на Зоран Алексиќ. Песната е нешто поразлично од она што навикнале фановите на „Саунд месинџерс“  да го слушаат на нивните настапи по клубовите во државава.

Новиот сингл „Chains Around My Heart” ќе се појави во радискиот етер за некои десетина дена, потоа следува уште еден сингл на Симона на македонски јазик со добро познатиот автор Зоран Алексиќ и уште многу други хитови. Сè на сè, се навестува жешко работно лето за Ерик Фокс и Симона попознати како „Саунд месинџерс“, а до тогаш уживајте со нивниот последен хит „Running“.

 



Врати се горе ↑