Настани 2

6 март, 2014

Турнеја на светската диџејска атракција Али и Фила

Египетските диџеи АЛИ и ФИЛА кои во последниве неколку години се на врвот на светската музичка елита, така и според еминентниот  Диџеј Магазин две години по ред се рангирани во најдобрите 20 (дваесет), од крајот на февруари се трнати на турнеја составена од настапи во девет различни земји (Кина, Чиле, Аргентина, Англија, Северна Ирска, Оман, Македонија, Словачка, Америка-Мајами). Дека Македонија претставува дестинација и за едни од најдобрите диџеи во светот покажува и фактот што ќе настапат и во Скопје. Нивниот настап е предвиден за 14-ти март во МКЦ со почеток во 23 часот.

Али и Фила се и креаторите на се популарното музичко радио шоу FUTURE SOUND OF EGYPT, чија песна „We control the sunlight“ во 2011 година беше избрана за најдобра трака на „A state of Trance“ – радиошоуто на Армин ван Бурен. Влезниците се пуштени во предпродажба по промотивна цена од 300 денари во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа  Купи карти за сè во Скопје и ширум републиката.

На овој настан покрај Али и Фила ќе настапи и диџеј АТМА, еден од пионерите на електронската музика во Источна Европа, диџеј со повеќе од две децении на електронска музика сцена и стотици настапи во живо на техно-транс сцената, познат во целиот свет по својот уникатен стил и неговите настапи во живо.

Петок 14-ти март 2014-та, Почеток: 23:00часот, Локација: МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ



Врати се горе ↑