Балкан JLOLyricImage

28 октомври, 2012

Туристичка „опсада“ за Џеј Ло во Белград

Најмалку 5000 луѓе од регионот ќе претстојуваат во српската престолнина за време на концертот на светски популарната ѕвезда Џенифер Лопез. Градот ќе биде под „опсада“ од туристи, меѓу кои најмногу македонци, кои во моментов важат за идеални гости затоа што доаѓаат со сопствени автомобили и во парови, ги купуваат најскапите влезници и бираат хотели од висока категорија. Гостите од Хрватска и Словенија доаѓаат во поголеми групи. Станува збор за релативно млади фанови кои доаѓаат со автобуси, бираат хостели и јадат во пекари. За хрватските и словенските туристи се организира автобуски превоз кој ќе ги донесе пред концертот пред Арената, а ќе ги врати рано наутро назад преку граница.

Гостите од Република Српска доаѓаат со сопствен превоз, а поголемиот дел од нив ќе преноќат кај роднини во Белград. Интересно е тоа што љубителите на Џеј Ло од Црна Гора, иако имаат роднини во српската престолнина, си резервираат хотелско сместување и голем број доаѓаат со авион. Од туристичките агенции изјавуваат дека продажбата на картите е очекувано добра и има голема заинтересираност. Картите за концертот се продаваат низ земјите од поранешна Југославија.

Светската поп дива Џенифер Лопез ќе настапи на 20ти ноември во Белградската Арена како дел од нејзината светска турнеја „Dance Again“. 

 



Врати се горе ↑