19 јуни, 2015

„Тури тури“ е новиот сингл и видео запис на „База 903“

По првенчето „BooM“, неконвенционалната група „База 903“ од Скопје деновиве го претстави и својот втор сингл „Тури тури“, чии автори се самите членови на бендот, а мастерингот го направи Валентино Скендеровски. „Тури тури“ пристигна заедно со видео запис во реализација на Огнен Шапковски (режија), Кристијан Теодоров, Рики Пејовски и Гоги Полизов (камери) и „Мелем продукција“.

Интересно е тоа што гостуваат и бројни познати личности, меѓу кои Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Дани Димитровска, Марко Новевски, Дејан Матиќ, Андреј и Панчо од ДНК, Горан Папаз, Леана Таќи и многу други. Снимањето се одвиваше во „Пица бар и грил Лавита“ (Аеродром), а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑