27 април, 2013

Турчинката со шпанско срце го објави првиот албум

Поп составот Алис го објави својот деби албум насловен „Од сумрака до свитања“, кој го сними и продуцираше Саша Милошевиќ Маре и на кој се најдоа осум авторски песни настанати како плод на креацијата на пејачката Алис Дуница и клавијатуристот Предраг Стевановиќ, дуо кое веќе неколку години настапува на домашен терен, но и во странство, со егзотичен репертоар и голем успех. Свое место на албумот најдоа и уште девет обработки со својствениот печат на групата Алис.

„Песните ја содржат есенцијата на поп звукот со примеси на латино ритам и жива свирка од музичарите кои учествуваа на проектот“ – открива Алис Дуница, шармантна пејачка со турско потекло. „Од сумрака до свитања“, издание кое го карактеризираат хитовски рефрени, волшебен женски вокал и виртуозни клавирски сегменти, се препорачува да го слушнат сите љубители на здравиот поп звук, кој во последните години сè помалку го има на музичката сцена.

Првиот сингл од албумот е песната „Ја те сада дозивам“, за која е снимен и видео запис во Сараево, а како тоа игледа можете да погледнете горе. Повеќе информации за бендот можете да најдете на официјалната фејсбук страница: facebook.com/grupaalis



Врати се горе ↑