Аудио 1452530_659529520779379_1640618325_n

21 декември, 2013

Турчин и Грк пеат за Божиќ: Слушнете ја „Christmas Time“ од Волкан и Аристо

До крајот на годината останаа уште само 10 дена, а веќе сме на прагот на најубавиот период од годината – новогодишните и божиќните празници. Музичарите ширум светот во изминатиов период вредно работеа на празничен материјал, а таков е случајот и со еден Турчин и еден Грк. Станува збор за составот Волкан и Аристо во кој главните членови се турскиот соул и џез пејач Волкан Бајдар и грчкиот пијанист, композитор и аранжер Аристо Циниолис, кои се запознале уште во 2003 година, а нивната соработка ќе биде преточена во деби албумот насловен едноставно „A Turk and a Greek“, кој ќе биде објавен следната 2014 година.

Покрај Волкан и Аристо, во групата членуваат и Хајнц Лихиус (тапани), Тобајас Кабиерш (бас), Рани Крија (перкусии), Нилс Фишер (перкусии), Шарлот Хајнке (придружен вокал), Марјте Хуцагер (придружен вокал) со техничката поддршка на Леон Бартелс. Овие музичари се одличен пример за тоа дека музиката не познава граници, јазик, вера или нација!

Деновиве ни го испратија нивниот прв сингл насловен „Christmas Time“ кој е отпеан на англиски јазик, а беше претставен на почетокот на декември. Во продолжение уживајте со оваа одлична празнична џез тема, бидејќи ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ!

 



Врати се горе ↑