17 јули, 2014

Туна со најскап видео запис во албанската музичка индустрија

Познатата пејачка Туна вчера го претстави својот нов видео запис за песната „MMV“ која ја сними заедно со нејзиниот колега и соработник, албанската хип-хоп икона Гетоар Селими. Како што пишува албански Телеграф, овој видео запис е веројатно најскапиот снимен досега во албанската музичка индустрија. Екранизацијата за „MMV“, потпишана од Ентермедија, се снимаше во луксузната „Мардан Палата“ во Турција, а атрактивната пејачка се појавува во различни изданија за кои се погрижија Нико Коман и Линда Имам. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Пејачката чиј минатогодишен хит „Феникс“ на ЈуТјуб забележа приближно 20 милиони прегледи и која позади себе веќе има две победи како ментор во албанскиот X Фактор, неодамна стана и заштитно лице на брендот Смирноф.

 



Врати се горе ↑