Концерт tumbao

2 март, 2015

„Тумбао салса бенд“ подготвен за двата концерта во Универзална

Салса составот „Тумбао салса бенд“ деновиве напорно вежба за двата концерти кои ги очекуваат на 4 и 5 март во Универзална сала во Скопје. Секојдневните проби се само доказ дека сериозно ја сфатија задачата два дена по ред на Скопје да му приредат незаборавно кубанско доживување. Подготвени се и гостите кои доаѓаат од далечната Куба- составот „Азафран микс“.

Картите за овие два концерта можете да ги набавите по цена од 350 денари на касата во Универзална сала и во „Југотон“ во ГТЦ, „Дежа ву капитол“ и онлајн на веб страната на „МК тикетс“.

„Среќата со пари не се купува“, „Фато мори душманке“, „Рандеву“, „Македонско девојче“ се само дел од песните кои во среда и четврток ќе нè разиграат во Универзална сала. И токму поради динамичноста на музиката и позитивната атмосфера, „Тумбао салса бенд“ решија партерот пред бина да биде за играње, наместо класичните места за седење.

Бидете и вие дел од незаборавното кубанско доживување!



Врати се горе ↑