8 февруари, 2018

„Ту челос“ со одлична преработка на хитот од „Титаник“

Хрватското дуо „Ту челос“ ја екранизираше својата одлична преработка на легендарната „My Heart Will Go On“, која пред 20 години Селин Дион ја отпеа за култниниот „Титаник“ (1997). Интересно е тоа што за продукцијата на видеото била потребна речиси цела година, бидејќи режисерот Александар Керекес користел најнова технологија, а сето тоа снимено во студио во Бугарија можете да го видите горе.

Инаку, темата е сместена на актуелниот албум „Score“, каде што се наоѓаат преработки на нивните омилени филмски и телевизиски хитови, како што се „Игра на тронови“, „Кум“, „Гладијатор“, „Господарот на прстените“, „Шиндлеровата листа“ и други, сето тоа во придружба на Лондонскиот симфониски оркестар.

 



Врати се горе ↑