2 март, 2015

„Ту челос“ снимија видео запис во лудница

Најавувајќи го новиот албум „Celloverse“, кој го објавија во јануари годинава, момците од дуото „Ту челос“ ветија дека ќе снимат видео запис за секоја од песните на новото издание, а сега на ред дојде екранизацијата за темата „Hysteria“, којашто е преработка на истоимената песна од „Мјуз“. Интересно е тоа што Шулиќ и Хаусер за локација одбраа вистинска болница за ментално здравје во Пула, Хрватска, а неодамна објавениот видео запис, кој го изработи Кристијан Бурловиќ со техничка поддршка од „МедВид продукција“, можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑