8 јануари, 2015

„Ту челос“ како дедовци во видео записот за „Wake Me Up“

Момците од хрватското дуо „Ту челос“ деновиве претставија уште еден видео запис за песна која ќе се најде на нивниот претстоен, трет по ред, студиски албум „Celloverse“, закажан за 27 јануари. Станува збор за преработката на познатиот хит „Wake Me Up“ од шведскиот диџеј и продуцент Авичи, а во мошне интересната екранизација, за која се погрижија Кристијан Бурловиќ и „МедВид продукција“, е прикажан животот на Шулиќ и Хаусер од нивното детство, настапите во екот на популарноста, па сè до староста кога приредуваат вистинска забава во домот за стари лица. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑