5 март, 2017

„Ту челос“ ја изведоа „Игра на тронови“ во живо

Како што Ви пренесовме неодамна, хрватското дуо „Ту челос“ на 17 март ќе го објави својот нов албум „Score“, кој ќе содржи преработки на бројни филмски и телевизиски теми, а како прв сигл беше објавена насловната нумера од серијата „Игра на тронови“.

Токму оваа тема беше премиерно изведена во живо на нивниот неодамнешен настап во Сиднеј, а како звучеше сето тоа во познатата оперска куќа можете да слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑