22 октомври, 2014

„Ту челос“ го претставија видео записот за „The Trooper (Overture)“

По видео записите за преработките на песните „I Will Wait“ и „Mombasa“, кои достигнаа повеќе од милион прегледи на сервисот ЈуТјуб, и „Thunderstruck“, која го надмина нивниот рекорд на гледаност со повеќе од 26 милиони прегледи, „Ту челос“ го објавија и видео записот за нивната нова преработка. Станува збор за темата „The Trooper (Overture)“, која е микс од „William Tell Overture“ компонирана од Џоакино Росини и песната „The Tropper“ од бендот „Ајрон мејден“. Песната воедно е и најава за новото издание на хрватските виртуози, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑