Настани IMG_0985

20 август, 2015

TRUTH HURTS и GRAMOPHONEDZIE на третиот „FREE ZONE FESTIVAL“ во Ново Лисиче!

Оваа година „Иноватива груп“ Ви ја претставува американската R&B дива Truth Hurts на „Free Zone Фестивал 3, кој ќе се оддржи под мостот Близнак, на кејот во пштина Аеродром.

Truth Hurts е родена во Сент Луис, Мисури, a нејзиното вистинско име е Share Watson. Нејзината музика се трансформира во повеќе жанрови: Pop, Funk, R&B, Neo Soul. Најпозната Хит песна која ја одбележи кариерата на Truth Hurts е „Addictive“, а таа е позната и по нејзините светски турнеи со Dr.Dre.

Заедно со Truth Hurts оваа година на „Free Zone Festival Vol.3“ ќе настапи и добро познатиот Gramophonedzie, а најавени се и многу други артисти. Оваа година фестивалот „Free Zone“ ќе се оддржи на 29 август (сабота) под мостот Близнак во Ново Лисиче, со почеток од 21.00 часот.

Влезот е СЛОБОДЕН, без наплатна влезница и фестивалот е отворен за сите посетители.



Врати се горе ↑