Аудио lude zene promo1

3 мај, 2015

Труба и тромбон во новиот сингл на „Лудите жени“

Лудите жени“ продолжуваат со објавување на најавни синглови за третиот студиски албум, така што после мошне успешната песна „Далеко изнад моје лиге“, која зазеде високи позиции на респектабилните топ листи во земјата и регионот, бендот деновиве ја објави темата „Реци ми речи“. Во новата песна овој состав од Ужице го задржува препознатливиот авторски стил, со еден мал експеримент вметнувајќи и дувачки инструменти, а сите коишто имале можност да ја слушнат „Реци ми речи“, имаат само пофални зборови.

„Песната е малку поразлична од нашите претходни материјали бидејќи за прв пат користевме дувачка секција. Ценетите господа Бодин и Цоле, тромбон и труба, се потрудија на песната да и дадар нов звук кој, сепак, не е далеку од нашиот вообичаен стил. Како звучи сето тоа заедно, најдобро е да слушнете сами“, вели гитарското дуо Душко и Радован Цицвариќ.

Своето трето студиско издание под етикетата „Лампшејд медија“ бендот го најавува за втората половина од годинава, а на албумот ќе му претходат уште неколку синглови.

 



Врати се горе ↑