Концерт

28 февруари, 2018

„Тропико бенд“ со концерт во Скопје

По концертот во белградската „Комбанк aрена“ пред 20.000 посетители, мочињата од српската фолк-поп атракција „Тропико бенд“ најaвија гостување и во Скопје. Дружбата со македонската публика е закажана на 28 април, со почеток во 21.00 часот во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 1 март, а концертот, како што велат организаторите „Скај мјузик“, ќе биде незаборавно аудио-визуелно доживување, односно одлична двочасовна свирка, во која присутните ќе ги слушаат најголеми хитови на бендот како: „Мислиќу на тебе“, „Све моје зоре“, „Заувек твој“, „Параноја“…



Врати се горе ↑