Настани

7 август, 2017

Трофеите поставени, фановите се собираат на плоштад, неутралната фан зона отворена

Денес, понеделник, во 11.00 часот на плоштад „Македонија“ официјално се отвори „неутралната фан зона“ подготвена од Град Скопје во пресрет на УЕФА Супер Купот. Секој чекор кој е преземан има за цел да ги истакне емоциите кои следат пред големиот натпревар помеѓу најтрофејните европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Во „неутралната фан зона“ се организирани неколку активности кои имаат за цел да го доловат духот на Супер Купот. Може да се игра 1 на 1 фудбал, има посебна локација за шутирање на пенали и може да се игра фудбалски тенис. Поставена е и бина каде експерти од Франција во freestyle фудбал ги покажуваат и ќе ги одмерат своите способности со посетителите. За додатна анимација на секој обожавател на фудбалот ќе биде ангажирана и маскотата на Скопје Супер Куп.

Првиот ден, 07.08.2017 (понеделник), ќе настапат Симона Попоска, диџеј Матс, Контру диџеј и диџеј Бранчез, додека на 08.08.2017 (вторник), за одлична забава ќе се погрижат Сара Мејс, диџеј Дела, „Брас брадрс“ и диџеј Боби.

„Неутралната фан зона“ на 7 август и на 8 август започнува со работа во 11.00 часот. Трофеите на УЕФА ќе бидат во зоната до 8 август до 16.00 часот.



Врати се горе ↑