Свет maxresdefault

9 јануари, 2017

Триумф за „Ла ла ленд“ на „Златните глобуси 2017“

Вчеравечер, во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија, се одржа 74. доделување на филмските и телевизиски награди Златен глобус, кои често служат како предвесници за она што ќе се случува на академските филмски награди, односно Оскарите. Домаќин на манифестацијата беше познатиот водител Џими Фелон, а наградите ги доделуваа бројни актерски и музички имиња, меѓу кои Бен Афлек, Дру Баримор, Рајан Рејнолдс, Стинг, Кери Андервуд, Џон Леџенд, Леонардо ДиКаприо, Мајкл Китон и многу други.

Дефинитивен победник на вечерта беше најновото филмско остварување на младиот режисер Демиен Чазел, „Ла ла ленд“, кое триумфираше во сите седум категории во кои беше номиниран, вклучувајќи ги најдобар мјузикл или комедијанајдобра режија и најдобро сценарио за Чазел, најдобар актер во комедија или мјузикл за Рајан Гослинг, најдобра актерка во комедија или мјузикл за Ема Стоун, најдобра музика за Џастин Хрвиц и најдобра оригинална песна за „City of Stars“.

Иако беше номиниран во 6 категории, „Месечева светлина“ се чинеше дека ќе остане со празни раце до самиот крај на манифестацијата, кога конечно триумфираше во категоријата најдобра драма, а со една победа од вкупно пет номинации беше и „Манчестер покрај морето“, во кој најдобрата изведба на актер во драма ја имаше Кејси Афлек. Од телевизиските категории, пак, најмногу статуетки собра „Ноќниот менаџер“, со 3 од потенцијалните 4 награди, а по две награди освоија сериите „Атланта“, „Круна“ и „Народот против Оу-Џеј Симпсон“ .

Годинешната добитничка на специјалната награда за животно дело „Сесил Б. ДеМил“ е легендарната Мерил Стрип, а победниците во сите 25 категории Ве очекуваат во продолжение.

Филмски награди

Најдобра драма

Најдобар мјузикл или комедија

Најдобар режисер

  • Демиен Чазел, „Ла ла ленд“ – ПОБЕДНИК
  • Том Форд, Ноќни животни
  • Мел Гибсон, „’Рт на спасот“
  • Бери Џенкинс, „Месечева светлина“ 
  • Кенет Лонерган, „Манчестер покрај морето“

Најдобра изведба на актерка во драма

  • Ејми Адамс, „Пристигнување“ (Arrival)
  • Џесика Частејн, „Г-ца Слоан“ (Miss Sloane)
  • Изабел Ипер, „Таа“ (Elle) – ПОБЕДНИЧКА
  • Рут Нега, „Лавинг“ (Loving)
  • Натали Портман, „Џеки“ (Jackie)

Најдобра изведба на актер во драма

  • Кејси Афлек, „Манчестер покрај морето“ – ПОБЕДНИК
  • Џоел Едгертон, „Лавинг“ 
  • Ендру Гарфилд, „’Рт на спасот“
  • Виго Мортенсен, „Капетан Фантастик“ (Captain Fantastic)
  • Дензел Вашингтон, „Огради“ (Fences)

Најдобра изведба на актер во комедија или мјузикл

  • Колин Фарел, „Јастог“ (The Lobster)
  • Рајан Гослинг, „Ла ла ленд“ – ПОБЕДНИК
  • Хју Грант, „Флоренс Фостер Џенкинс“
  • Џона Хил, „Кучиња на војната“ (War Dogs)
  • Рајан Рејнолдс, „Дедпул“

Најдобра изведба на актерка во комедија или мјузикл

  • Анет Бенинг, „Жена на 20. век“
  • Лили Колинс, „Без правила“ (Rules Don’t Apply)
  • Хејли Стајнфелд,  „Најдобри другарки“ (The Edge of Seventeen)
  • Ема Стоун, „Ла ла ленд“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Мерил Стрип, „Флоренс Фостер Џенкинс“

Најдобра изведба на актер во споредна улога (во каков било филм)

  • Махершала Али, „Месечева светлина“ 
  • Џеф Бриџис, „По секоја цена“
  • Сајмон Хелберг, „Флоренс Фостер Џенкинс“
  • Дев Пател, „Лав“
  • Арон Тејлор-Џонсон, „Ноќни животни“ – ПОБЕДНИК

Најдобра изведба на актерка во споредна улога (во каков било филм)

  • Виола Дејвис, „Огради“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Наоми Харис, „Месечева светлина“
  • Никол Кидман, „Лав“
  • Октавија Спенсер, „Сокриени фигури“ (Hidden Figures)
  • Мишел Вилијамс, „Манчестер покрај морето“

Најдобар анимиран филм

Најдобро сценарио

  • Дамиен Чазел, „Ла ла ленд“  – ПОБЕДНИК
  • Том Форд, „Ноќни животни“
  • Бери Џенкинс, „Месечева светлина“
  • Кенет Лонерган, „Манчестер покрај морето“
  • Тејлор Шеридан, „По секоја цена“ 

Најдобра оригинална музика за филм

  • Николас Брител, „Месечева светлина“ 
  • Џастин Хрвиц, „Ла ла ленд“ – ПОБЕДНИК 
  • Јохан Јохансон, „Пристигнување“ 
  • Волкер Бертелман и Дастин О’Халоран, „Лав“ 
  • Бенџамин Волфиш, Фарел Вилијамс и Ханс Цимер, „Сокриени фигури“ 

Најдобра оригинална песна за филм

Најдобар филм на странски јазик

  • „Божествени“ (Divines), Франција
  • „Таа“ (Elle), Франција – ПОБЕДНИК
  • „Неруда“ (Neruda), Чиле
  • „Продавачот“ (The Salesman), Иран/Франција
  • „Тони Ердман“ (Toni Erdmann), Германија

Телевизиски награди

Најдобра серија – драма

  • „Круна“ (The Crown), Нетфликс – ПОБЕДНИК
  • „Игра на тронови“ (Game of Thrones)Ејч-би-оу
  • „Чудни нешта“ (Stranger Things)Нетфликс
  • „Ова сме ние“ (This Is Us)Ен-би-си
  • „Западен свет“ (Westworld)Ејч-би-оу

Најдобра серија – мјузикл или комедија

  • „Атланта“ (Atlanta), Еф-икс – ПОБЕДНИК
  • „Црнечко“ (Black-ish), Еј-би-си
  • „Моцарт во џунглата“ (Mozart in the Jungle), Амазон
  • „Транспарентно“ (Transparent)Амазон
  • „Вип“ (Veep), Ејч-би-оу

Најдобра кратка серија или филм за телевизија

  • Американски криминал (American Crime), Еј-би-си
  • „Костимограф“ (The Dresser), Старс
  • „Ноќниот менаџер“ (The Night Manager), Еј-ем-си
  • „Ноќта на“ (The Night Of), Ејч-би-оу
  • „Народот против Оу-Џеј Симпсон“ (The People v. O.J. Simpson: American Crime Story), Еф-икс – ПОБЕДНИК

Најдобра изведба на актерка во телевизиска серија – драма

  • Кaтрина Балф, „Аутлендер“ (Outlander)
  • Клер Фој, „Круна“ (The Crown) – ПОБЕДНИЧКА
  • Кери Расел, „Американците“ (The Americans)
  • Винона Рајдер, „Чудни нешта“ (Stranger Things)
  • Еван Рејчел Вуд, „Западен свет“ (Westworld)

Најдобра изведба на актер во телевизиска серија – драма

  • Рами Малек, „Господин Робот“ (Mr. Robot)
  • Боб Оденкирк, „Подобро јави му на Саул“ (Better Call Saul)
  • Метју Рис, „Американците“ (The Americans)
  • Лиев Шрајбер, „Реј Донован“ (Ray Donovan)
  • Били Боб Торнтон, „Голијат“ (Goliath) – ПОБЕДНИК

Најдобра изведба на актер во телевизиска серија – мјузикл или комедија

  • Ентони Андерсон, „Црничко“ (Black-ish)
  • Гаел Гарсија Бернал, „Моцарт во џунглата“ (Mozart in the Jungle)
  • Доналд Гловер, „Атланта“ (Atlanta) – ПОБЕДНИК
  • Ник Нолти, „Грејвс“ (Graves)
  • Џефри Тамбор, „Транспарентно“ (Transparent)

Најдобра изведба на актерка во телевизиска серија – мјузикл или комедија

  • Рејчел Блум, „Луда поранешна девојка“ (Crazy Ex-Girlfriend)
  • Џулија Луи-Драјфус, „Вип“ (Veep)
  • Сара Џесика Паркер, „Развод“ (Divorce)
  • Иса Реј, „Несигурна“ (Insecure)
  • Џина Родригез, „Девицата Џејн“ (Jane the Virgin)
  • Трејси Елис-Рос, „Црничко“ (Black-ish) – ПОБЕДНИЧКА

Најдобра изведба на актер во кратка серија или филм за телевизија

  • Риз Ахмед, „Ноќта на“ (The Night Of)
  • Брајан Кренстон, „До крај“ (All the Way)
  • Tом Хидлстоун, „Ноќниот менаџер“ (The Night Manager) – ПОБЕДНИК
  • Џон Туртуро, „Ноќта на“ (The Night Of)
  • Кортни Б. Венс, „Народот против Оу-Џеј Симпсон“ (The People v. O.J. Simpson: American Crime Story)

Најдобра изведба на актерка во кратка серија или филм за телевизија

  • Фелисити Хафман, „Американско злосторство“ (American Crime)
  • Рајли Кио, „Искуството со девојка“ (The Girlfriend Experience)
  • Сара Полсон, „Народот против Оу-Џеј Симпсон“ (The People v. O.J. Simpson: American Crime Story) – ПОБЕДНИЧКА
  • Шарлот Ремплинг, „Лондоски шпион“ (London Spy)
  • Кери Вашингтон, „Потврда“ (Confirmation)

Најдобра изведба на актер во споредна улога во серија, кратка серија или филм за телевизија

  • Стерлинг К. Браун, „Народот против Оу-Џеј Симпсон“ 
  • Хју Лори, „Ноќниот менаџер“ – ПОБЕДНИК
  • Џон Литгоу, „Круна“
  • Кристијан Слејтер, „Господин Робот“
  • Џон Траволта, „Народот против Оу-Џеј Симпсон“

Најдобра изведба на актерка во споредна улога во серија, кратка серија или филм за телевизија

  • Оливија Колман, „Ноќниот менаџер“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Лина Хиди, „Игра на тронови“
  • Криси Мец, „Ова сме ние“
  • Менди Мур, „Ова сме ние“
  • Танди Њутон, „Западен свет“

2017-golden-globe-awards-620x360

Со вчерашното доделување на златните глобуси и официјално е отворена сезоната на награди за 2017 година. Следни се британските академски филмски награди, односно БАФТА, кои по јубилеен 70. пат ќе бидат доделени на 12 февруари и чии номинации ќе бидат објавени утре, 10 јануари, а за 26 февруари е закажано 89. по ред доделување на академските филмски награди, односно Оскарите, чии номинации се очекуваат на 24 јануари.

Во поглед на музиката, пак, нè очекуваат 59. по ред доделување на Греми, кое ќе се одржи на 12 февруари и на чии номинации можете да се потсетите овде, како и 37. доделување на британските музички награди закажано за 22 февруари, а кој сè ќе биде номиниран за популарните БРИТ статуетки ќе дознаеме на 14 јануари.

И.Ј.



Врати се горе ↑