Македонија

9 септември, 2018

Триумф за Филип и Лена на поп-вечерта на „Охрид-фест 2018“

На втората вечер од јубилејниот 25. Интернационален музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“ премиерно беа изведени 18 песни од кои неколку мелодии, барем според аплаузите на пибликата, ќе станат вистински хитови. На фестивалот настапија главно млади и талентирани пејачи кои се претставија со стилски различни песни – од шлагери до модерни ритмови.

Првата награда од жирито ја освои песната „Без  тебе“, која ја исполни Филип Јордановски, додека првата награда на публиката ја освои мелодијата „Дојди или оди си“ во изведба на Лена Заткоска.

1-vo mesto od ziri! #luka #ohridfest2018 #beztebe #winner 🏆🎶🎤👌☝️🎸❤️👪☑️kompozicija:Bez tebe☑️aranzman:Vladimir…

Gepostet von Filip Jordanovski am Samstag, 8. September 2018

1va nagrada ohridfest od publika "Dojdi ili odi si" Blagodarnost do Vladimir Dojcinovski i do site sto glasaa ❤🏆

Gepostet von Lena Bojan Marotov am Samstag, 8. September 2018

 

Во паузата, додека жиријата гласаа, свој рецитал на песни за љубовта имаше познатиот бизнисмен и љубител на музиката – Трифун Костовски. Тој се претстави со нови песни од композиторите Григор Копров и Александар Митевски и текстописецот Огнен Неделковски.

Награди на  поп-вечер 2018

прва награда – Филип Јордановски –  Без тебе

втора награда – Лени Партикова – Спомени

трета награда – Анастасија Аврамовска – Ти си мојот херој

најдобар дебитант   Огнен Здравковски

најдобар аранжман – Владимир Дојчиновски за песната „Дојди или оди си“ (во изведба на Лена)

најдобар текст –  Огнен Неделковски за песната „Не знам“ (во изведба на Денис Димоски)

најдобра интерпретација – трио „Џентлмен“

наградата „Долни Сарај“ –  „Ти си тој“ (Пепа Димитрова)

најслушана песна меѓу два фестивала „Очи зелено-сини“ (Горан Милошески)

Благодарам за најдрагата награда од публиката-долни сарај Ohrid Fest , очекувајте наскоро видео спот за "Ти си тој"

Gepostet von Пепа Димитрова am Samstag, 8. September 2018

 

Награди  на публиката

прва – Лена – „Дојди или оди си“

втора  – Анастасија Аврамовска – „Ти си мојот херој“

трета – Пепа Димитрова – „Ти си тој“

Извор: Охрид-фест



Врати се горе ↑