Видео

29 август, 2016

Триумф на Бијонсе и Ријана на музичките награди за најдобри видео записи на Ем-ти-ви

Сношти, во култниот „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се одржа годинешното доделување на музичките награди за најдобри видео записи на Ем-ти-ви (MTV VMA), а спектакуларната манифетација помина во знакот на годинешната добитничка на специјалната награда „Мајкл Џексон видео вангард“, Ријана и нејзината колешка Бијонсе, која од 11 номинации освои 8 награди, од кои шест за екранизацијата на Formation.

3o6gaSi3vHJo91ruF2

Главниот настан беше отворен со првиот настап на Рири, која повеќе танцуваше отколку што пееше, веројатно бидејќи си го чуваше гласот за подоцна… (видео овде)

Rihanna-2016-MTV-Video-Music-Awards-Performance-GIFs (1)

Следниот настап беше резервиран за Аријана Гранде и Ники Минаж, кои ја изведоа дуетската „Side to Side“.

 

После нив сцената ја презеде раперот Фјучр со изведбата на F**k Up Some Commas“

 

Доделувањата на награди на Ем-ти-ви не би биле тоа што се без некој скандал или интересен говор, особено кога станува збор за Канје Вест. Популарниот рапер се појави на сцената за да го најави својот нов видео запис, но ја искористи можноста да одржи и долг говор и да ги искаже своите ставови и размислувања. Меѓу другото, тој зборуваше и за контроверзниот спот за „Famous“, кој предизвика бројни дебати…

 

Рири се врати на сцената за уште еден настап, изведувајќи го хитот „Work“… (цело видео на Фејсбук)

giphy (1)

 

Својот нов сингл го отпеа и Ник Џонас заедно со колегата Тај Дола Сајн, а како изгледаше изведбата на „Bacon“ погледнете во продолжение.

 

Бијонсе ја презеде сцената за 15-минутен настап изведувајќи ги песните од својот најнов албум „Lemonade“, за кој ја освои наградата Најдобар долгометражен видео запис…

 

Една од специјалните гостинки на манифестацијата беше и поп принцезата Бритни Спирс, која го изведе актуелниот сингл „Make Me“ со колегата Џи-Изи…

 

Следен беше третиот настап на Рири со „B*tch Better Have My Money“… (видео на Фејсбук)

Rihanna-2016-MTV-Video-Music-Awards-Performance-GIFs (2)

Потоа свој настап имаше и дуото „Чејнсмоукерс“ со колешката Халзи, изведувајќи го синглот „Closer“

 

Последниот настап за вечерта повторно го имаше Ријана, овој пат со баладите „Stay“ и „Love On The Brain“ а потоа нејзиниот колега Дрејк ѝ ја врачи наградата „Мајкл Џексон видео вангард“

 

Вака заврши годинешното доделување на музичките награди за најдобри видео записи на Ем-ти-ви. Како што споменавме, Бијонсе си замина дома со најмногу награди, а Адел, иако беше номинирана во осум категории, не успеа да освои ниту една статуетка. Комплетната листа на победници ве очекува во продолжение.

Видео на годината – Бијонсе, „Formation“

Најдобра монтажа – Бијонсе, „Formation“

Најдобра кореографија – Бијонсе, „Formation“

Најдобра режија – Бијонсе, „Formation“

Најдобро поп видео – Бијонсе, „Formation“

Најдобра кинематографија – Бијонсе, „Formation“

Најдобро рок видео – Туенти уан пајлотс, „Heathens“

Најдобра соработка – „Фифт хармони“ и Тај Дола Сајн, „Work From Home“

Најдобар видео запис од машки изведувач – Келвин Харис и Ријана, „This Is What You Came For“

Најдобро електро видео – Келвин Харис и „Дисајплс“, „How Deep Is Your Love“

Најдобар долгометражен видео запис – Бијонсе, „Lemonade“

Најдобро хип-хоп видео – Дрејк, „Hotline Bling“

Најдобар видео запис од женски изведувач – Бијонсе, „Hold Up“

Најдобри визуелни ефекти – Колдплеј, „Up & Up“

Најдобра уметничка режија – Дејвид Боуви, „Blackstar“

Уметник во подем – „Ди-ен-си-и“ (DNCE)

Мајкл Џексон видео вангард – Ријана

Насловна фотографија: Getty Images



Врати се горе ↑