Свет

19 февруари, 2018

„Трите билборди“ триумфираа и на „БАФТА 2018“

„Три билборди пред Ебинг, Мисури“ забележа уште еден триумф на годинашната сезона на награди, собирајќи пет златни маски на вчерашното доделување на британските филмски награди „БАФТА 2018“. Филмското остварување на режисерот и сценарист Мартин МекДона беше номинирано во вкупно девет категории, а ги освои признанијата за најдобар филм, најдобар британски филм и најдобро оригинално сценарио, додека Френсис Мекдорманд беше прогласена за најдобра актерка во главна улога, а Сем Роквел за најдобар актер во споредна улога.

Слично како и на златните глобуси, најмногу номинации и овде имаше „Формата на водата“, но од 12-те номинации доби само три награди, вклучувајќи ги за најдобар дизајн на продукција, најдобра оригинална музика (Александар Десплат) и за најдобар режисер (Гијермо дел Торо).

Гијермо дел Торо ја освои наградата за најдобар режисер за „Формата на водата“

Наградата за најдобар актер во главна улога отиде во рацете на Гери Олдман за одличната изведба во „Најмрачниот час“, а за најдобра актерка во споредна улога беше прогласена Алисон Џени (Јас, Тонја). Единствената награда за која одлучуваше британската публика, ѕвезда во подем, отиде во рацете на актерот Даниел Калуја, а специјалната награда за особен придонес (BAFTA Fellowship Award) на режисерот Ридли Скот му ја врачи принцот Вилијам.

На манифестацијата, која се одржа во концертната сала „Ројал Алберт хол“, домаќинка за првпат беше 71-годишната британска актерка Џоана Ламли. Како што беше најавено, речиси сите присутни беа облечени во црно, а секој од добитниците на наградите ги поддржа иницијативите „И јас исто“ (Me Too) и „Времето истече“ (Time’s Up).

Како и секогаш, филмските награди ќе кулминираат со доделувањето на Оскарите, чие јубилејно 90. издание е закажано за 4 март, а имајќи предвид дека голем дел од списокот со номинации се повторува, веројатно истите уметници ќе се закитат и со оваа престижна награда. Комплетниот список со добитници од вчерашното доделување на „БАФТА“ ве очекува во продолжение.

Најдобар филм

Најдобар британски филм

  • Најмрачниот час 
  • Смртта на Сталин (The Death of Stalin)
  • Земјата на Господ (God’s Own Country)
  • Лејди Макбет (Lady Macbeth)
  • Педингтон 2 (Paddington 2)
  • Три билборди пред Ебинг, Мисури – ПОБЕДНИК

Најдобро деби на британски автор, режисер или продуцент

  • „Чудовиштето“ (The Ghoul), Гарет Танли (автор, режисер и продуцент), Џек Хили Гутман и Том Митен (продуценти)
  • „Не сум вештерка“ (I Am Not A Witch), Рунгано Најони (авторка, режисерка), Емили Морган (продуцентка) – ПОБЕДНИЧКИ
  • „Вилица“ (Jawbone), Џони Харис (автор, продуцент), Томас Напер (режисер)
  • „Нашето кралство“ (Kingdom of Us), Луси Коен (режисерка)
  • „Лејди Макбет“, Алис Брч (авторка), Вилијам Олдројд (режисер), Фодла Кронин О’Рајли (продуцентка)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

  • „Таа“ (Elle), Пол Верхевен и Саид Бен Саид
  • „Прво го убија татко ми“ (First They Killed My Father), Анџелина Џоли и Рити Пан
  • „Слугинката“ (The Handmaiden), Парк Чан-вук, Сид Лим – ПОБЕДНИК
  • „Нељубов“ (Loveless), Андреј Звјагинтсев, Александар Родњански
  • „Продавачот“ (The Salesman), Асгар Фархади, Александар Мале-Ги

Најдобар документарен филм

  • „Град на духови“ (City of Ghosts)
  • „Не сум твојата црнчуга“ (I Am Not Your Negro) – ПОБЕДНИК
  • „Икар“ (Icarus)
  • „Несоодветно продолжение“ (An Inconvenient Sequel)
  • „Џејн“ (Jane)

Најдобар анимиран филм

  • „Коко“ (Coco) – ПОБЕДНИК
  • „Со љубов, Винсент“ (Loving Vincent)
  • „Мојот живот како тиквичка“ (My Life As A Courgette)

Најдобар режисер

  • „Блејд ранер 2049“, Дени Вилнев
  • „Викни ме со твоето име“, Лука Гвадањино
  • „Данкирк“, Кристофер Нолан
  • „Формата на водата“, Гијермо дел Торо – ПОБЕДНИК
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Мартин МекДона

Најдобро оригинално сценарио

  • „Излегувај“ (Get Out), Џордан Пил
  • Јас, Тонја“, Стивен Роџерс
  • „Лејди брд“ (Lady Bird), Грета Гервиг
  • „Формата на водата“, Гијермо дел Торо и Ванеса Тејлор
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Мартин МекДона – ПОБЕДНИК

Најдобро адаптирано сценарио

  • „Викни ме со твоето име“, Џејмс Ајвори – ПОБЕДНИК
  • „Смртта на Сталин“, Армандо Јанучи, Ијан Мартин и Дејвид Шнајдер
  • „Филмските ѕвезди не умираат во Ливерпул“ (Film Stars Don’t Die In Liverpool), Мет Гринхалг
  • „Играта на Моли“ (Molly’s Game), Арон Соркин
  • Педингтон 2“, Сајмон Фарнаби и Пол Кинг

Најдобра актерка во главна улога

  • Анет Бенинг, „Филмските ѕвезди не умираат во Ливерпул“
  • Френсис Мекдорманд, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Марго Роби, „Јас, Тонја“
  • Сали Хокинс, „Формата на водата“ 
  • Срша Ронан, „Лејди брд“

Најдобар актер во главна улога

  • Даниел Деј-Луис, „Фантомски конец“ (Phantom Thread)
  • Даниел Калуја, „Излегувај“
  • Гери Олдман, „Најмрачниот час“ – ПОБЕДНИК
  • Џејми Бел, „Филмските ѕвезди не умираат во Ливерпул“
  • Тимоти Шаламе, „Викни ме со твоето име“

Најдобра актерка во споредна улога

  • Алисон Џени, „Јас, Тонја“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Кристин Скот Томас, „Најмрачниот час“
  • Лори Меткалф, „Лејди брд“
  • Лесли Менвил, „Фантомски конец“
  • Октавија Спенсер, „Формата на водата“ 

Најдобар актер во споредна улога

  • Кристофер Пламер, „Сите пари на светот“ (All the Money in the World)
  • Хју Грант, „Педингтон 2“
  • Сем Роквел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ – ПОБЕДНИК
  • Вилем Дафо, „Проектот Флорида“ (The Florida Project)
  • Вуди Харелсон, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Оригинална музика

  • „Блејд ранер 2049“, Бенџамин Волфиш, Ханс Цимер
  • Најмрачниот час“, Дарио Маријанели
  • Данкирк“, Ханс Цимер
  • „Фантомски конец“, Џони Гринвуд
  • „Формата на водата“, Александар Десплат – ПОБЕДНИК

Најдобра кинематографија

  • Блејд ранер 2049“, Роџер Дикинс – ПОБЕДНИК
  • „Најмрачниот час“, Бруно Делбонел
  • „Данкирк“, Хојт ван Хојтема
  • „Формата на водата“, Ден Лостен
  • Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Бен Дејвис

Најдобра монтажа

  • Возачот Бејби“ (Baby Driver), Џонатан Ејмос и Пол Маклис – ПОБЕДНИЦИ
  • „Блејд ранер 2049“, Џо Вокер
  • „Данкирк“, Ли Смит
  • „Формата на водата“, Сидни Волински
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Џон Грегори

Најдобар дизајн на продукција

  • Убавицата и ѕверот“, Сара Гринвуд и Кејти Спенсер
  • „Блејд ранер 2049“, Денис Гаснер, Алесандра Керцола
  • Најмрачниот час“, Сара Гринвуд и Кејти Спенсер
  • „Данкирк“, Нејтан Краули и Гери Фетис
  • „Формата на водата“, Пол Остербери, Џеф Мелвин и Шејн Вијо – ПОБЕДНИЦИ

Најдобар дизајн на костими

  • Убавицата и ѕверот“, Жаклин Дуран
  • „Најмрачниот час“, Жаклин Дуран
  • Јас, Тонја“, Џенифер Џонсон
  • Фантомски конец“, Марк Бриџис – ПОБЕДНИК
  • Формата на водата“, Луис Секјеира

Најдобра шминка и фризура

  • „Блејд ранер 2049“, Доналд Моват и Кери Ворн
  • „Најмрачниот час“, Дејвид Малиновски, Ивана Приморац, Луси Сибик и Казухиро Цуџи – ПОБЕДНИЦИ
  • „Јас, Тонја“, Дебора Ла Миа Денавер, Адруита Ли
  • „Викторија и Абдул“, Даниел Филипс и Лу Шепард
  • „Чудо“ (Wonder), Наоми Бакстад, Роберт А. Пандини и Арџен Туитен

Најдобар звук

  • Возачот Бејби“
  • „Блејд ранер 2049“
  • „Данкирк“ – ПОБЕДНИК
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

Најдобри специјални визуелни ефекти

  • Блејд ранер 2049“ – ПОБЕДНИК
  • „Данкирк“
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
  • „Војна за планетата на мајмуните“

Британски краткометражен анимиран филм

  • „Имај срце“ (Have Heart)
  • „Мамун“ (Mamoon)
  • „На два различни пола“ (Poles Apart) – ПОБЕДНИК

Британски краток филм

  • „Амир“ (Aamir)
  • „Каубојот Дејв“ (Cowboy Dave) – ПОБЕДНИК
  • „Човекот што се дави“ (A Drowning Man)
  • „Работа“ (Work)
  • „Момчињата-врапци“ (Wren Boys)

Ѕвезда во подем (по избор на публиката)

  • Даниел Калуја (Daniel Kaluuya) – ПОБЕДНИК
  • Флоренс Пју (Florenсe Pugh)
  • Џош О’Конор (Josh O’Connor)
  • Теса Томпсон (Tessa Thopmson)
  • Тимоти Шаламе (Timothéе Chalamet)


Врати се горе ↑