Видео kristijan

27 септември, 2016

Tришоски растури во „Ѕвездите на Гранд“

Уште еден македонски претставник ги воодушеви жирито и публиката во новиот серијал на „Ѕвездите на Гранд“. Младиот професор по соло пеење, Христијан Тришоски се покажа во најдобро светло изведувајќи ги песните „Као моја мати“ и „Звао сам је Емили“ од Здравко Чолиќ, по што од жирито доби само 3 гласа, но со одлука на продукцијата продолжува понатаму.

Жирито се согласи дека Христијан има моќен глас кој сè уште не може да го контролира, a на тоа се надоврза Карлеуша, која со своите урнебесни коментари го изнасмеа целото студио. Таа истакна дека нему вечерва не му требал микрофон, и ја повика продукцијата да го пушти да мине понатаму, бидејќи ваков говорник,  никогаш нема да имаат.



Врати се горе ↑