Концерт

21 март, 2018

Трип-хоп хероите „Морчиба“ на „Скопје колинг 2018“

Легендарниот трип-хоп бенд „Морчиба“ (Morcheeba) доаѓа во Скопје, каде што на 22 јуни ќе настапи како главна ѕвезда на вториот фестивалски ден од годинашниот „Скопје колинг“, пред настапите на Аксвел и Ингросо (24 јуни) и Тексас“ и Дарко Рундек (23 јуни).

„Морчиба“ за првпат доаѓаат во Скопје на голема сцена, да ги испорачаат сите свои големи песни од претходните албуми, како и песните од новиот албум „Blaze Away“, кој треба да излезе во продажба од 1 јуни.

 

Од своето основање во 1995 година, групата досега има продадено повеќе од 10 милиони примероци од своите албуми, а познати се и по глобалните хитови како: „Enjoy The Ride“, „Rome Wasn’t Built In A Day“, „Triger Hippie“

Влезниците за претстојниот настан се веќе пуштени во продажба од денес, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн по цени од:

1.000 ден ПАРТЕР
1.500 ден ФАН ПИТ



Врати се горе ↑