Видео

17 април, 2019

Триото „Кладенец“ со песна за паднатите борци: „Мајко, земјо не плачи“

Македонското изворно фолк-трио „Кладенец“ деновиве го промовираше својот втор проект насловен „Мајко, земјо не плачи“, чија промоција соодветно се одржа во Музејот на македоската борба. Новата песна, дополнета со исто толку импресивна визуализација, доаѓа по минатогодишното првенче „Да си вечна земјо моја“, со која триото се претстави на „Лешочки фолк-фест 2018“.

Почитувани Ви го споделуваме новиот проект на триото „Кладенец“ насловен „МАЈКО ЗЕМЈО НЕ ПЛАЧИ“ за кој триото „Кладенец“…

Gepostet von Трио ,,Кладенец" am Sonntag, 14. April 2019

Вокалното трио „Кладенец“ е оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце. Преку вокалното трио „Кладенец“, тој и неговата вокална дружина, која покрај него ја сочинуваат уште и  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат за зачувување на традиционалните вредности на Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.

 

 

Извор: Вистина.мк

 



Врати се горе ↑