Видео

20 декември, 2018

Триото „Кладенец“ ја екранизираше „Да си вечна земјо моја“

„Да си вечна земјо моја, темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк-фест 2018“, доби и свој автентичен видеозапис, кој деновиве беше промовиран и пуштен во македонскиот медиумски етер.

Инаку, вокалното трио „Кладенец“ е оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце. Преку вокалното трио „Кладенец“, тој и неговата вокална дружина, која покрај него уште ја сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат за зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.

Музиката и аранжманот на песната се напишани од  Јован Василевски, тексот е на Мирослав Гавровски, а покрај вокалното трио „Кладенец“ во видеото се појавуват како артисти  Иван Божиновски и групата „Сербез“. Традиционалните инструменти ги свири Горанчо Ангелов, додека како  продуцент се јавува Ѓорѓе Богдановски.

Спотот е снимен на неколку различни, но автентични локации низ Македонија, а како директор на фотографија се јавува Ненад Велковски, додека видеото го потпишува „Ред централ продукција“. Како звучи песната и изгледа видеото, за кои, како што велат самите изведувачи, …ќе допре до секој Македонец“, проследете во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑