Македонија

15 октомври, 2018

Триото „Џентлмен“ се врати од Бугарија со награда

По учеството на годинашниот „Макфест 2018“, чие 33. издание се одржа минатиот викенд во Штип, поп-оперското трио „Џентлмен“ продолжи со фестивалскиот поход и во соседна Бугарија. Имено, Кристијан Антовски, Дарко Нешовски и Дејан Стоев викендов учествуваа и на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич, а за изведбата на макфестовската „Изгреј сонце“ го освоија 2. место!

2-ра награда🏆 на Меѓународниот фестивал,,Златен костен 2018" Петрич, Бугарија.

Gepostet von Trio Gentlemen am Sonntag, 14. Oktober 2018

 

Оваа авторска композиција на тројцата пејачи, со стихови на Филип Цветков, наскоро ќе си добие и своја екранизација, па додека ја очекуваме нејзината премиера, уживајте со настапот токму на „Макфест 2018“. Уживајте!



Врати се горе ↑