Видео

17 октомври, 2018

Триото „Џентлмен“ го објави видеото за макфестовската „Изгреј сонце“

Одличната балада „Изгреј сонце“, со која триото „Џентлмен“ се натпреваруваше на годинашниот „Макфест 2018“, сега е дополнета и со прекрасно видео. Како автори на музиката и аранжманот се потпишуваат самите членови на триото, Кристијан Антовски, Дарко Нешовски и Дејан Стоев, а стиховите се дело на Филип Цветков. Сето тоа го екранизираше продукцијата „Дел Рио филмс“ од Скопје и „Прокам“ од Гостивар, под режисерската палка на Александар Николоски.

Прекрасните пејзажи се дополнети со танцот на балерината Христина Ангеловска, а за изгледот на пејачите се погрижи стилистот Раде Василев. Освен на „Макфест“, поп-оперското трио со „Изгреј сонце“ настапи и на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои втората награда од публиката, а како изгледа видеото за оваа одлична балада на тројцата џентлмени дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑