Концерт

5 август, 2017

„Трио џентлмен“ вечерва во Битола

Вечерва, во 21 часот, во „Магаза“ во Битола, во рамките на „Битфест“, концерт на поп-класика ќе одржи „Трио џентлмен“, составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави, тие се трудат овој жанр на пеење првпат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонското творештво.

За ова кратко време, колку што постојат (околу две години), имаат настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, како и на дел од големите манифестации во нашата држава, а и надвор. Во ноември 2015 година на балканскиот фестивал „Романсијада“, кој се одржа во Софија, Бугарија, го освоија првото место со награда за професионалност и оригиналност, а минатата година настапија и на „Макфест“ со одличната „На иста улица“, потпишана од Кире Костов и колешката Сара Мејс.

Извор: Нова Македонија / Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑