18 август, 2017

„Трио џентлмен“ ја екранизираше својата „Молитва“

„Трио џентлмен“ го претстави своето прво официјално видео, кое деновиве го промовираше во рамките на фестивалот „Културно лето Карпош“.

трио џ2

Станува збор за екранизација на темата „Молитва“, која оригинално ја отпеа легендарната Виолета Томовска, чија музика е дело на Миле Барбаровски. Новиот аранжман, пак, е дело на Андријана Јаневска, а сето тоа е снимено во студиото „Гиновски“.

трио џ

За видеото, пак, кое се снимаше во манастирот Св. Јован Бигорски, се погрижи екипата на „Дел рио филмс“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

И.Ј. / Фотографии: Јутјуб



Врати се горе ↑