10 ноември, 2013

Трилогиски видео запис од „Куку леле“

„Куку леле“ деновиве го претставија својот нов видео запис, но интересно е тоа што оваа видео трилогија која трае петнаесетина минути е снимена за песните „Нема да тагувам“, „Не плачи, не жали“ и „Во очите пак ми спиеш ти“, чиј комплетен автор е Роберт Саздов, со исклучок на „Во очите пак ми спиеш ти“, за која текстот го напиша Огнен Неделковски, а аранжманот браќат Јован и Иван Јованови. Видео записот на кој се работеше неколку месеци, го снимаше Марјан Огненовски, додека сценариото, режијата и монтажата се на Александар Бошковски.

По концертот во март годинава кој го означи враќањето на музичката сцена, на својата фан страница на Фејсбук дуото најавува уште еден концерт кој ќе се одржи на 7 декември во „Експо Центар“ (поранешно Колосеум).



Врати се горе ↑