Свет thriller

3 октомври, 2014

„Трилерот“ на Мајкл Џексон ќе добие 3Д верзија

Еден од најпознатите музички видео записи на сите времиња, 14-минутниот „Thriller“ на Мајкл Џексон, следната година повторно ќе заживее во 3Д верзија, пренесува „Ролинг стоун“. Имено, режисерот на овој, како што Џексон милувал да каже, „краток филм“, Џон Ландис неодамна се спогодил со имотот на популарниот музичар во врска со постапката покрената против пејачот шест месеци пред неговата смрт, кога режисерот тврдел дека сè уште не му се исплатени 50 проценти од вредноста и заработувачката на проектот, кој своевремено чинел од половина до 1 милион долари.

„Судскиот процес се одвиваше долги години, но конечно се спогодивме и ме исплатија“, изјавил Ландис, додавајќи: „Сега ’Трилер’ повторно ќе се појави на модернизиран и тридимензионален начин, што ќе биде вистинско доживување на големото платно.“ 

Британските фанови кои во 2009 година има набавено влезници за неговата турнеја „This Is It“, ќе имаа можност да видат 3Д верзија на овој хит, а како би изгледало тоа можеше да се види во истоимениот документарен филм објавен неколку месеци по смртта на Џексон. Сето тоа можете да го видите во продолжение, а потоа потсетете се и на оригиналната верзија објавена на 2 декември 1983 година.

 

 



Врати се горе ↑