Видео michael

28 октомври, 2014

„Трилерот“ на Мајкл Џексон изведен во 20 различни стилови

Непосредно пред „Ноќта на вештерките“ (31 октомври), која е мошне популарна на Западот, тамошните медиуми веќе започнаа со топ листи на најпознатите „страшни“ песни. Секако дека број 1 на сите листи е добро познатиот хит „Thriller“, на Мајкл Џексон, кој иако е објавен пред повеќе од дваесет години, сè уште е еден од најпопуларните видео записи на сите времиња, а за тоа сведочи и фактот што следната години ќе добие и 3Д верзија.

Токму оваа песна го инспирирала и Ентони Винсент, кој прави интересни преработки на познати хитови, но отпеани во 20 различни стилови. Како звучи неговата верзија на „Трилерот“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑