Аудио Trigger Srecna nova (nocna mora)

28 декември, 2013

„Тригер“ Ви посакува „Среќна Нова (ноќна мора)“

„Среќна Нова (ноќна мора)“ е новиот “празничен“ сингл на српскиот метал бенд „Тригер“ (Trigger), песна за фасцинантно исполнетите животи кои ги водиме, за екстатичната новогодишна атмосфера во која ерегијата струи помеѓу рафтовите на примамливите распродажби, како и љубовта за ближниот свој по која го паметат и препознаваат нашиот народ ширум планетата. „Среќна Нова (ноќна мора)“ ќе се најде на новиот албум на групата Тригер, кој е во подготовка, а публиката веќе имаше можност да ја слушне песната „Не храни људождере“ во која гостува Дарко Живковиќ од групата „Даунстрој“ (Downstroy), суптилен акордски трактат за правилната нега на домашните миленици, како и етно темата „Понор“ во која гостува Милутин Јованчиќ, фронтменот на култуниот состав „Блок аут“ (Block Out).

„Среќна нова (ноќна мора)“ беше напишана и објавена непланирано, во најкраток можен рок, како неизбежна и спонтана реакција на позитивната енергија која нè опкружува: „Ведрината природно излезе од секоја наша нота. Новата година се приближуба и фактот што живееме опкружени со изобилство и сигурност, во слога и правда, нè инспирираше нашето воодушевување да го вткаеме во полетните ноти и текстот на песната. Уште една Нова година на чиј праг можеме задоволно, односно триумфално да се осврнеме наназад и да бидеме горди на тоа колку сме постигнале во животот како народ, но и како поединци. Сепак, во моментите на уживање не треба да заборавиме да живееме безгрижно, бидејќи веќе со децении пожртвувано, несебично и посветено нè водат најдобрите меѓу нас. Да им бидеме благодарни засекогаш! Затоа да го вдишеме наелектризираниот празничен воздух, да ги наполнеме градите со добри вибрации, да ги кренеме чашите и да запееме со ведри лица. Среќна Нова година на сите и нека Ви биде одлична, исто како и претходната! А сега, сите во шопинг центрите да купуваме подароци!“

Тригер позади себе веќе го имаат деби албумот „Љубав“ кој по своето појавување освои повеќе награди, како и албум со преработки на песни од новиот бран на подрачјето на некогашна Југославија, изданието насловено „Екс“. Во продолжение слушнете ја „Среќната Нова (ноќна мора)“ на „Тригер“.

 

www.triggerband.net

www.facebook.com/bandtrigger

www.twitter.com/BandTrigger

 

 



Врати се горе ↑