Балкан Trigger - Promo HD

17 јуни, 2015

„Тригер“ го објави својот трет албум „Време чуда“

Третиот албум на „тешко-металната мануфактура за производство на бучава“ – групата „Тригер“, штотуку е објавен за етикетата „Одличан хрчак“. Албумот насловен „Време чуда“ ја претставува групата во агресивно гитарско издание, но и со понатаму присутното поигрување со различни жанови по кои бендот им е познат на слушателите. Материјалот сниман речиси три години го збогатија и многубројните гости од Србија и регионот – од препознатливиот Милутин Јованчиќ („Човек вук“, поранешен „Блок аут“), преку агресивните вокали на Марко Матијевиќ, (хрватската едно – индустријал атракција „Мантра“) и оперетскиот метал вокал на Владимир Лалиќ („Вива вокс“, „Органајзд кејос“ (Organized Chaos)), па до виртуозните гитарски делници на Емир Хота.

„Време чуда“, според зборовите на членовите од бендот, од една страна, преку стиховите врши аутопсија на вредностите на модерното општество, а од друга страна, како губењето на моралниот компас и вербата во луѓето влијае на нашиот дух:

„На овој албум повеќе се занимаваме со она што нè опкружува и како тоа се одразува на нас како поединци, дали предизвиците нè прават посилни или нè совладуваат и ја крадат смислата на нашите животи – што е она што нè дефинира, дали верата во материјалните вредности станала глобална религија во ова ’Време на чуда’“, вака членовите на групата „Тригер“ го објаснуваат лајтмотивот на новото издание.

Симболичната насловна страна на албумот, на која е прикажан човек со тело на риба во костим и прострелан со куршуми, ја дизајнираше Владимир Петровиќ, долгогодишен соработник на бендот.

Третиот албум на групата „Тригер“ е најавен со видео записите за насловната нумера „Време чуда“ и песната „Не храни људождере“, а бендот најави дека во текот на годината ќе реализира уште неколку екранизации. „Тригер“ зад себе го има првенчето „Љубав“, благодарение на кое освоија признанија како што се регионалните награди „Индекси“ во Сараево и „Најдобар бенд по избор на слушателите на радио 202“, но и албумот „Екс“, кој вниманието на пошироката публика го привлече со необичните преработки на песните од новиот бран на подрачјето на поранешна Југославија.

Албумот „Време чуда“ е достапен на „Дизер“, како и на сите други релевантни сервиси за дигитална дистрибуција на музика, а цеде изданието се очекува на почетокот на јули.

„Тригер“ можете да ги следите на:

www.facebook.com/bandtrigger
www.twitter.com/bandtrigger

www.youtube.com/TriggerVideo



Врати се горе ↑