Аудио

6 јули, 2016

Триесетина ѕвезди подадоа „Раце“ за жртвите од масакрот во Орландо

Бритни Спирс, Гвен Стефани, Џенифер Лопез, Меган Трејнор, Адам Ламберт, Мери Џеј Блајџ и Пинк се само дел од триесетината музички ѕвезди што учествуваа во песната насловена „Hands“ во чест на жртвите од масакрот што се случи на 12 јуни во еден геј ноќен клуб во Орландо, каде што животот го загубија 49 лица, а 53 беа ранети.

Автори на песната се Џастин Трантер и Џулија Мајклс, а како продуценти се потпишуваат Трантер, „Бладпоп“ и Марк Ронсон. Сите собрани средства од продажбата на синглот ќе одат во фондацијата за еднаквост и ЛГБТ заедницата во Флорида, а како звучи заедничката песна на познатите ѕвезди можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑