Настани najava-slavime-3

6 декември, 2016

Тридевна забава за 3. роденден на „Капитол мол“

Пред 3 години, „Капитол мол“ ги отвори вратите за сите со цел да ги задоволи разновидните вкусови на своите посетители. Во топол амбиент заштитен од надворешните временски улови во сите сезони, посетителите можат со сигурност да уживаат во шопингот кој го нудат бројните продавници во центарот.

Прославувајќи 3 години присуство на македонскиот пазар, скопскиот трговски центар „Капитол мол“ ќе го одбележи својот 3. роденден со тридневна програма за своите потрошувачи. Започнувајќи од 10.12.2016, сабота, до 12.12.2016, понеделник, ќе биде организирана 3-дневна забава, насловена „3 level party“, исполнета со бројни изненадувања и уживања.

„Капитол мол“ е лоциран во една од најурбаните населби во Скопје, во општина Аеродром, на површина од 12.500 м2 наменети за шопинг и целодневно уживање на целото семејство. На 3 ката ќе се организираат низа активности меѓу кои и настапи на „Брас брадрс“ (Brass Brothers) и Сара Мејс (Sarah Macе), диџеј Панчо и Димитар Андоновски. Покрај одличниот репертоар на македонска музика во шопинг молот, ќе настапат и диџеј Кире, диџеј Мац и диџеј Синиша, а како дополнување на музичката синергија се и многубројните изненадувања кои ќе бидат дел од одбележувањето на роденденот заедно со посетителите.

najava-slavime-3

Роденденската прослава содржи 3 дена роденденски попусти во продавниците. А за најмалите е подготвена богата програма, во склоп на која во сабота ќе пееме и танцуваме и ќе бидеме креативни на работилница како почеток на роденденскиот предизвик на молот, за изработка на роденденски честитки за „Капитол мол“. Најубавите ќе бидат наградени на 12.12. (понеделник), кој ќе биде ден за наградување и дарување. Во недела и понеделник ќе се одржат и детски натпревари во куглање, спортски активности, дружење со Академијата „Вардар“, ќе има школа за англиски јазик и музичка едукација, работилници, аниматори и жонглери.

3 години „Капитол мол“ придонесува за безброј насмевки, среќни посетители и единствено шопинг искуство за сите генерации. Без сомнение во иднина ќе се продолжи со уште посилна динамика, во која „Капитол мол“ ќе продолжи да биде мол за сите генерации, кој ќе нуди уште повеќе активности, промоции, прослави и настани, најмногу од културно-забавен карактер.



Врати се горе ↑