Македонија toshe

21 октомври, 2012

Три нови песни од Тоше?

По трагичната несреќа во која што пред пет години го изгубивме нашиот Тоше, во неговиот компјутер се најдени материјали за нови песни кои што не успеаја да бидат објавени. Најавено е дека до крајот на годината ќе се објави уште една, а на денот на неговиот роденден, односно на 25 јануари следната година уште две песни кои ги подготвувал Тоше.

И после пет години без него, сè уште е тешко да се навикнеме на неговото отсуство, но благодарни сме за цела негова музика што ни ја остави во наследство. Македонија и целиот Балкан секогаш ќе го негуваат споменот за најсветлата ѕвезда на нашето музичко небо. Во продолжение еден од неговите најголеми хитови, изведбата во живо на веќе потврдениот евергрин „Тајно моја“ на неговиот втор голем солистички концерт во Градскиот Стадион кој се одржа на 23 јуни 2006 година.

 



Врати се горе ↑