Галерија 23a4b4c2-97de-4ff6-aa32-9c4a713daf22

3 септември, 2014

Три неверојатни дена – заврши Аква Парк Фест со најдобрата забава за ова лето‏

Со настапите на едни од најдобрите македонски диџеи кои се претставија со специјални „бек ту бек“ сетови, во неделата наутро заврши второто издание на Аква Парк Фест и тоа со резултат од повеќе од 10 000 посетители! Просторот на Аква Парк фест секојдневно беше исполнет со бројни разиграни и расположени млади луѓе, клабери, фанови на бендовите кои настапија на ова издание и сите оние кои допринесоа секој дел од фестивалот секојдневно да биде исполнет со позитивна енергија за која ќе се зборува до следното издание.

Второто издание на фестивалот ни ги донесе и едни од најпосетените Аква Парк Фест настапи, како настапите на „Дубиоза Колектив“, Тимо Мас и Јорис Ворн во четвртокот, а „Бед Копи“, Дарен Емерсон и Џон Дигвид во петокот навечер, поради што и холандските диџеи „Прок&Фитч“ кои ја затворија програмата на главната бина оваа вечер забавувајќи се до раните утрински часови, на својата фејсбук страница ја означија забавата на Аква Парк Фест меѓу најдобрите од оваа година, помеѓу сите нивни настапи ширум светот. Одличната забава на фестивалот ја одбележаа и реакциите на самите изведувачи кои восхитени од позитивната енергија на публиката и самите останаа да се забавуваат по нивните настапи.

Но, без сомнеж, најголемиот виновник за фантастичната енергија на Аква Парк Фест е верната публика, која неуморно издржа за време на интензивната музичка програма која се одвиваше без престан во текот на сите три дена.

Ова лето на најдобар начин го испративме со Аква Парк Фест, а до следното издание останува да ги сумираме впечатоците и да ги прераскажуваме најубавите спомени. До следната средба со сигурност ќе се раскажува за тоа како „Дубиоза Колектив“ ја предизвикаа најголемата еуфорија меѓу публиката, како илјадниците фанови на „Бед Копи“ во еден глас со бендот ги одрапува нивните најголеми хитови, како „Дисциплина Кичме“ со својот феноменален настап уште еднаш покажаа колку се голем и значаен бенд. Ќе се раскажува и за неверојатните сетови и продукција на Џон Дигвид, Дарен Емерсон, Јорис Ворн и Тимо Мас, за сетот на „Фанкермен“ како најпозитивното изненадување, за тоа кој најдобро танцувал покрај базените за време на сетовите од дневната програма, за најлудите скокови и спуштања по тобоганите и за тоа кој од посетителите во камопт го има рекордот со најмногу посетени настапи за време на изминатите 72 часа константа музичка програма.

Им благодариме на сите кои беа дел од второто издание на Аква парк фест кое со она што го демонстрираше оваа година си постави нов, уште поголем предизвик за следната година со желба повторно да го искусиме ова неверојатно искуство, на уште подобро и поголемо издание на фестивалот.

Во исчекување на официјалното пост-фестивалско видео, во продолжение погледенете го видеото од дневната забава на последниот ден на Аква Парк Фест 2014.

Фотогалериите од фестивалот се достапни на следните линкови:

Се гледаме следната година!



Врати се горе ↑