Свет amy

23 јули, 2014

Три години од смртта на Ејми Вајнхаус

Денеска се навршија точно три години од смртта на легендарната британска ѕвезда Ејми Вајнхаус, која почина на 23 јули 2011 година, на возраст од само 27 години. Пејачката која го со својот уникатен талент и препознатлив вокал го привлече вниманието на целиот свет, за жал не успеа да се справи со притисоците кои ги носи популарноста. Позади себе остави два официјални албума: „Frank“ од 2003 година и нејзиното најуспешно издание „Back To Black“ од 2006 година, а во 2011 година постхумно е објавен албумот „Lioness: Hidden Treasures“.

Некои од најголемите хитови доаѓаат токму од нејзиниот втор албум, а тоа се веќе добро познатите песни „Rehab“, „Back To Black“, „Love Is A Loosing Game“ и други. Благодарение на ова издание пејачката доби шест Греми номинации и пет победи, остварувајќи рекорд за најмногу победи од женски артист во само една ноќ, и со тоа Вајнхаус стана првата британска пејачка која добила пет Греми, вклучително и три од „Големата четворка“: најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.

Во продолжение да се потсетиме на дел нејзините најпознати хитови.

Ејми Вајнхаус (14 септември 1983 – 23 јули 2011)

 



Врати се горе ↑