Видео 12322944_972279502818588_6402080415426663317_o

30 ноември, 2015

Три дисквалификации на седмата гала „На иста адреса“

Натпреварот го напуштија Ивона, Игор и Зои

Седмата гала вечер помина во знакот на странските хитови. Натпреварувачите имаа можност да ги отпеат своите омилени странски хитови и да се покажат во најдобро светло досега. Дел од нив беа доследни на задачата и нè изненадија со извонредни настапи, дел потфрлија и не ги искористија своите три минити на сцена.

Вчерашното жири во состав Маја Вукичевиќ, Влатко Илиевски, Весна Бејби Петрушевска, Лила Стојановска и шоу биз полицаецот Боки 13, имаше пофални зборови за Валери, Марија, Игор и Александра. Зои и Марио добија критика за недоследност на задачата, а Миа и Ивона потфрлија со погрешен избор на песна. Најдобар беше настапот на Стефан, кој заедно со Алмир беа прогласени за победници на вечерта.

Седмата спектакуларна гала вечер заврши со дисквалификација на Зои, Игор и Ивона кои според гласовите на гледачите не заслужија да продолжат во финале. Останете „На иста адресa“ и продолжете со поддршка на вашите фаворити. Во продолжение погледнете како ги испратија дисквалификуваните натпреварувачи, а веднаш потоа и сите настапи од синоќешната гала.

 

Валери Димовска – Take Me to Church (Хозиер)

 

Марија Груевска – Hey Mama (Дејвид Гета, Афроџек, Ники Минаж и Биби Рекса)

 

Игор Митровиќ – Moves Like Jagger („Марун 5“ и Кристина Агилера)

 

Зои Блаж – Stay (Ријана)

 

Марио Арангеловски – How You Remind Me (Никлбек)

 

Миа Морина – End of Time (Бијонсе)

 

Александра Мих0ва – Wrecking Ball (Мајли Сајрус)

 

Ивона Јовановиќ – Girl On Fire (Алиша Киз)

 

Стефан Давидовски – The Lazy Song (Бруно Марс)

 

Алмир Исмаили – Happy (Фарел Вилијамс)



Врати се горе ↑