Галерија DSC_7467

31 март, 2015

Три девојки триумфираа на „Поетри слемот“ во Кавадарци

Вториот поетри слем натпревар годинава, во организација на македонскиот слем тим и во коорганизација на слемерката Цвета Колева и со помош на здружението на поети и писатели од Кавадарци, „Тиквешки цветови“, се одржа во саботата, на 28 март, во Домот на културата „Иван Мазов- Климе“ во Кавадарци. Од вкупно 13 натпреварувачи од Кавадарци, Неготино, Скопје, Прилеп, Тетово, Велес и Гевгелија, со помош на публиката беа избрани три победници и тоа: Микица Илова од Кавадарци, која го освои третото место; Аница Блажевска од Тетово, која го освои второто место и Драгица Здравеска од Прилеп, која го освои првото место.

Драгица Здравеска, 1. место

Илова внесе посебна свежина на настанот, затоа што досега на слемот никој претходно не настапил со песна наменета за детската публика. Блажевска, која слемира уште од самите почетоци на слем-настаните во Македонија, не престанува да ја понесува публиката со своите искрени и досетливи стихови, а Здравеска, на која не ѝ беше прв пат да биде меѓу победниците, си остана доследна на својот саркастично-подбивен стил со кој секогаш изискува слатка смеа кај публиката.

Аница Блажевска, 2. место

На победниците им беа доделени дипломи и пакет книги, донации од македонски писатели кои го поддржуваат настанот со своите авторски дела: Братислав Ташковски, Трајче Кацаров и Славчо Ковилоски, но и книги поезија од организаторите Перо Сарџоски, Елена Пренџова и Игор Трпче, како и најновиот број на студентското списание „Ш“.

Микица Илова, 3. место

Како и секогаш, со свои изведби, но надвор од натпреварувачкиот дел настапатија организаторите, гости на вечерта беа тројца поети од здружението „Тиквешки цветови“: Љупчо Јовчевски, Надица Тренчева и Тодорка Андова, а во натпреварувачкиот дел, покрај победниците, се претставија и Васе Алексоска, Виктор Јакимовски, Диме Данов, Димитри Соле Љубин, Душко Стефанов, Исток Улчар, Константин Карев, Македонка Чадиноска, Марјан Тодоровски, Милка Миндева и Никола Богевски.

Никола Богоевски

Цвета Колева

Диме Данов

Димитри Соле Љубин

Игор Трпче

Исток Улчар

Милка Миндева

Перица Сарџоски

Виктор Јакимовски



Врати се горе ↑