Настани 12043123_442411982611655_4516472549938396781_n

22 септември, 2015

Три дена „Астибо џез фестивал“ во Штип

Концерти, работилница и тркалезна маса за џез музиката во Македонија се само дел од активностите на годинешното издание на штипскиот Астибо џез фестивал, кој ќе се одржи на 28, 29 и 30 септември во Домот на млади – Штип.

Во понеделник, на 28 септември, напладне е најавена работилница со Тони Китановски. Вечерта, во 21.30 часот ќе настапи „Оупен џез квартет“ (Љ.Русев, Ј.Јаневски, Г.Алич. П.Ангелов), по што следи настапот на Емин Џијан Трио (Е.Џијан, О.Јосифовски, Г.Стевковски).

Во вторник е најавен настапот на „Тотал џим“ (Џ.Максимовски, Д.Милосавлевиќ, В.Дробитски, В.Бојаџиски) и Дамир Имери Трио (Д.Имери, А.Имери, Б.Антовски).

Во среда пак, во 13 часот ќе се организира Тркалезна маса на тема: „Џез музиката во Македонија“. Фестивалот ќе биде затворен со концерт на „Фолтин“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Американската Амбасада во Р.Македонија. Влезот е бесплатен.

Извор: РадиоМОФ



Врати се горе ↑