Балкан Richie Hawtin @ Sonus

10 август, 2015

Третото издание на фестивалот „Сонус“ ги носи најдобрите електронски изведувачи

На „Сонус 2015“ доаѓа кремот на техно музиката – легендарниот Папа Свен Ват (“Papa Sven” Vath), виртуозот на грамофони, миленикот на медиумите и фановите заради неговите екстравагантни настапи, Рикардо Виљалобос (Ricardo Villalobos), докторот на минимал звукот Ричи Хотин (Richie Hawtin); големиот Марко Карола (Marco Carola); основачот на концептот на неделните забави „Stereotip“, кои веќе неколку пати се одржаа во Хрватска – Диксон (Dixon), кој познатиот „Резидент адвајзор“ (Resident Advisor) веќе 2 години по ред го избира за број 1 диџеј во светот, Лучијано (Luciano), Локо Дајс (Loco Dice), Пен-пот (Pan-Pot), Тајни (tINI), „Тејл оф ас“ (Tale of Us), Ејм (Ame) и уште многу други.

Oд 16 до 20 август дури 70 диџеи ќе настапат во три клуба на плажата Зрче на островот Паг. По минатогодишното распродадено издание, оваа година за време на петте фестивалски дена се очекуваат десетици илјади гости од целиот свет. Клубовите „Папаја“, Аквариус“ и „Калипсо“ ќе пречекаат дел од најголемите имиња од техно сцената на денешницата кои не можат да се чујат на ист настан на ниту едно друго место во нашиот регион.

Фестивалот „Сонус“ и оваа година ги прилагоди цените на влезниците за посетителите од поранешните југословенски простори, па така влезницата за петте фестивалски дена чини 82 евра. Билетите можат да се купат онлајн или на продажните места на „Ентрио во Хрватска.

Како си поминаа десетици илјади луѓе на минатогодишното издание може да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑