Настани

26 јули, 2016

Трето издание на „Самр фестивал“ на 29 и 30 јули во Пробиштип

На 29 и 30 јули во Пробиштип по трет пат ќе се одржи „Пробиштип самр фестивал 2016“ (Probistip Summer Festival), фестивал на пивото, скарата и добрата музика. Минатата година беше настан на годината, а годинава општината се потруди да ги задоволи дури и најприбирливите вкусови.

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски истакна дека фестивалот се одржува трета година и додаде оти општината и фирмите, кои донираат, се трудат да им ги разубават летните денови на пробиштипјани, но и на граѓаните од источниот регион. За фестивалот во Пробиштип е карактеристично што организаторите исклучиво покануваат пејачи од македонската естрада.

„Имаме и од народните и забавните изведувачи, а на крајот имаме и диџеј кој ќе ги забавува младите генерации. Првата вечер, на 29 јули со почеток околу 22 часот ќе настапат Кате и групата ’Нели ти реков’, по нив следуваат ’Ај кју’ и Тијана Дапчевиќ, која ќе ја затвори првата вечер. Втората вечер ќе настапат групата ’Аце и Јоце’, ’Љубојна’ и ’Суперхикс’“, рече Тоневски.

Водители на настанот се Маријана Станојковска и Златко Андоновски.



Врати се горе ↑